Над 10 милиони евра долгови на илјадници семејства ќе бидат отпишани со новиот Закон за отпис на долгови кој го предложи Владата.
Овој Закон значи решавање на проблемите на семејствата кои имаат проблем со старите судски и извршни предмети кои што беа трансферирани кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година. Со оваа мерка целосно се бришат каматите на долговите и каматите на трошоците во постапката што граѓаните ги имаат кон јавните претпријатија, основани од општините и државата.
Според законското решение доверителите во државна или јавна сопственост се должни да ги отпишат каматите во рок од 3 месеци од стапувањето на сила на овој закон долгови на илјадници семејства.
Покрај отписот на камати, овој Закон обезбедува и репрограмирање на старите долгови, односно на граѓаните им се овозможува долговите во зависност од нивната висина да ги плаќаат на рати.