Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти убава вест за кривопаланчани.
Нови капитални проекти во патната инфраструктура, што е еден од предусловите за локален економски развој и нови работни места за граѓаните.

-Нови 28 милиони денари за Крива Паланка во Програмата за рамномерен регионален развој 2022 усвоивме на денешниот Совет за регионален рамномерен развој:
13 милиони денари за проектот „Создавање на услови за рурален развој во село Кркља преку изградба на локална патна инфраструктура“, со кој ќе се асфалтира пат од близу 1.500 метри, и со кој на населението во село Кркља ќе им овозможи користење на расположливото обработливо земјоделско земјиште како и создавање на предуслови за рурален развој кој како една од можностите за подобрување на условите за локален економски развој на село Кркља како и во општина Крива Паланка.
15 милиони денари за проектот „Создавање на услови за развој на урбаните подрачја во општина Крива Паланка“ односно асфалтирање на улиците Македонска и крак 1, Баглачка, Осоговска и Климент Охридски со вкупна должина од 1,223 метри.
Со реализација на проектот ќе се создадат услови за отварање на мали трговски фирми со што ќе се зголеми процентот на вработеност на локално ниво, а со тоа ќе се подобрат и условите за економски развој на општината, соопшти министерот Николовски.

2