Со проширување на градинката Детелинка во центарот на Крива Паланка се обезбедува предучилишно образование и воспитание на уште 102 деца, со што вкупниот капацитет се зголемува на 200 деца.

Проширувањето на градинката е реализирано со средства од Министерството за труд и социјална политика, преку проект на Светска Банка и дополнителни средства од општината, а објектот е целосно енергетски ефикасен.
Погледнете како изгледа реконструираниот објект: