Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, заедно со Општина Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски, во континуитет вложуваат во унапредување на сообраќајната инфраструктура во нашата општина, изјави за медиумите Дарио Шимиќ, претседател на Советот на општина Кисела Вода.

„Во моментов интензивно се работи на асфалтирањето на улицата Есенинова чиешто пробивање започна во август минатата година, а истата треба да заврши на почетокот на наредната година.

Со оваа нова траса Градот Скопје и општина Кисела Вода добиваат уште едно сообраќајно поврзување на Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета Македонска Бригада“, истакна Шимиќ.

„Оваа улица ќе биде во должина од 730 метри со две коловозни ленти, тротоари од двете страни и велосипедски патеки, а истата ќе има и четири коловозни летни пред влезот на булеварот Трета Македонска Бригада.

Со изградбата на оваа улица значително ќе се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот, како и намалување на времето за патување помеѓу овие општини.

СДСМ како на локално, така и на централно ниво постојано вложува и инвестира во патната инфраструктура во Градот Скопје.

Посветено работиме на проекти важни за граѓаните. Во следниот период ќе инвестираме уште повеќе во општина Кисела Вода за да биде уште подобро за нашите сограѓани.

Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните“, посочи Шимиќ.