Општина Кисела Вода предводена од СДСМ и градоначалникот Филип Темелковски заедно со централната власт постојано инвестира во проекти важни за граѓаните, изјави за медиумите Стамат Стаматовски, советникот во Советот на општина Кисела Вода.
„Денеска се наоѓаме на улицата „Милан Мијалковиќ“ каде заедно со Јавното Претпријатие „Водовод и канализација“ се поставуваат нови водоводни цевки и се врши целосна реконструкција на истата улицата.

Во должина од над 400 метри се поставуваат нови водоводни цевки со профил Ф200, истовремено во должина од 1218 метри и ширина од 5,50 метри се врши и целосна реконструкција на истата улица. На оваа со улица од 1,5 метри од двете страни ќе се изврши целосна обнова и на тротоарите.

СДСМ континуирано работи во подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани во Република Северна Македонија.

И во време на пандемија продолжуваме со засилено темпо да реализираме капитални инвестиции во нашата општина.

Градиме по план, постојано докажуваме дека можеме и повеќе и подобро за подобар живот на сите“, истакна Стаматовски.