Со СДСМ платите растат побрзо и за време на светска криза. Покажавме како домаќински се работи во интерес на граѓаните. За само три години просечната плата порасна за 4.059 денари од 22.808 денари во јуни 2017 на 26.867 денари во јуни 2020 година, порача Зоран Заев на социјалните мрежи.

Споредено со времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во периодот јуни 2014-јуни 2017, просечната плата бележеше зголемување за само 1.575 денари, констатираше тој.

Во следниот мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро за граѓаните, за државата. Платите ќе растат уште повеќе за уште подобар животен стандард на сите, вети Заев.