Министерот за економија, Крешник Бектеши, соопшти дека е позитивен на коронавирус.

„Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19 тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19. Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства! Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик! Здравје и среќа за сите“, напиша тој на својот Фејсбук профил.