Собранската Комисија за надворешна пиолитика денеска едноглласно го поддржа Предлог законот за ратификација на Северноатлансткиот договор, по што треба да се усвои и на денеска закажаната свечена пленарна собраниска седница со присуство на целиот државен врв и на високи претствници на земјите од регионот како и од Парламентарното Собрание на НАТО.
Како што образложи заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, Северноатлантскиот договор содржи 15 члена од кои колективната одбрана се смета за главен принцип или темел на сојузот. При тоа, рече правото на самоодбрана се смета за основно право на секоја држава предвидено со Повелбата на ОН. Важно е да се напомене и дека според член 3 од Договорот секоја од државите во овој сојуз треба да изгради и да поседува сопствени одбранбени капацитети како и дека страните ќе ги развиваат исто така и колективните капацитети за спротивставување на вооружени напади.
Членството на Северна Македонија во НАТО, додаде тој, е наша основна стратешка цел и претствува долгорочен надворешно – политички приоритет, а првата одлука за зачленување во НАТО нашето Собрание ја донесе уште 1993 година. Од тогаш до денес, посочи, во разни временски периоди има донесено повеќе декларации, кои ја истакнуваат нашата определба за пристапување во НАТО, рече Жерновски.
– Членството на С. Македонија е гаранција за македонската национална сигурност и темелен предуслов за натамошен напредок на македонското општетство во согласност со темелната вредност во Уставот. Со зачленување во НАТО активно ќе придонесеме за сопствената национална сигурност, на регионалната безбедност како и на сигурноста на самата НАТО Алијанса, кажа Жерновски.
Постапката за пристапувањето на земјата во НАТО, додаде, ќе се смета за завршена со предавање на инструментот за пристапување на земјата до владата на САД како депозитар на Северноатлансткиот договор. Нагласи и дека спроведувањето на Договорот ќе предизвика финансиска обврска за државата и определчување на дополнителстви средства од буџетот.
Пристапувањето во НАТО е начелно одредено во 2020 година како временска рамка за влегување во сила на Договорот за членството. Точниот износ на потребните средства и динамиката за плаќање ќе бидат утврдени во посебна информација со платформа која ќе се достави до Владата каде ќе се утврди точната висина на финаснискките средства како и начинот на донесување.
По куса пауза беше отфрлен предлогот во предложенииот законски текст да се интеревенира во член 4 со кој ќе се посочи на очекуваната ратификација на Протоколот за НАТО во Шпанија која треба да се случи во текот на март месец.
Се предвидува денешната ратификација која предвреме се ратификува поради предвремените парламентарни изброи на 12 април, да стапи во сила со денот на објваувањето во Службен весник, а по ратификацијата на Шпанија.
Процесот на пристапување во НАТО за Северна Македонија започна во февруари лани со потпишување на Догворот за членство од страна на сите 29 земји членки на Алијансата. Договорот досега е ратификуван од 28 членки, а откако Шпанија ќе го ратификува и депонира инстументот во Вашингтон, по известување од генералниот секретар Јенс Столтенберг и Република Северна Македонија треба да го стори истото. Со тоа станува полноправна членка на Алијансата.