Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при МВР, на 24.4.2024 ќе работат за издавање лични документи со работно време од 8 до 19 часот.

Исто така, граѓаните на Скопје ќе може своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.