Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски денеска беше на неутрален терен, во друштво на спортските работници, тренери и професори по спорт каде дискутирааа за предизвиците во спортскиот сектор.

„Разменивме идеи, ги слушнавме нивните потреби, размислувања, визии.
Тие се заслужни за здравите генерации млади личности од општината, за бројните таленти во различни спортови кои се најголемите амбасадори на градот и државата во национални и меѓународни рамки.
Затоа, спортот ќе биде силно поддржан од мене и советниците на СДСМ и коалицијата, за уште поголеми успеси, за нови моменти на радост.
Спортистите и спортскиот сектор во целост заслужено ќе го добијат најдоброто“, нагласи Митовски.