Денешни одлуки на Владата:

-Во јавниот сектор времено се забрануваат нови вработувања, привремени преку агенции и нови договори на дело, освен за здравствениот сектор и други сектори кои се справуваат со коронавирусот.

-За сите трајно испразнети работни места (пензионирања и други заминувања по различни основи) да нема прием на нови вработувања.

-Доколку се утврди потреба за пополнување на некое работно место, истото да се пополни од институции каде што има вишок.
Репрезентации, спонзорства и реклами да се сведат на минимум во јавниот сектор.
На вработените во јавниот сектор да не се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година.
-Времено се забранува набавка на мебел, опрема и возила, освен за справување со здравствено-економската криза.

Ова се дополнителни мерки на веќе усвоените мерки:
▪️ сите именувани и избрани функционери минимална плата во април и мај
▪️ нема да се исплатуваат надоместоци за членовите на УО, НО и комисии кои се вработени
▪️ дневници, прекувремена работа и други надоместоци нема да се исплатуваат
▪️ сите авторски договори за ангажирани лица кои се вработени ќе се намалат за 50%


Ќе се обезбедат 78.000.000,00 денари за поефикасно функционирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за овозможување на укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти заболени од коронавирусот, реконструкцијата на улици и тротоари, пробивање на нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и непречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје.