Мојата визија и мисија во СДСМ во овие две години е целосно исполнета, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

„Од стабилизирање на состојбите, подготовка за парламентарните избори, јас дадов оставка од министерка функција, да се фокусирам на организација, на оперативата, на структурата и подготвеноста да ја подигнеме СДСМ и да донесеме после 18 години чиста, кристална победа на парламентарни избори. Продолживме со макотрпна работа, ја реорганизиравме СДСМ, го сменивме статутот, имавме целосно модернизација, со тоа што доби секоја дигитална членска книшка, со целосно двострана комуникација, семејство над 80 илјади членови, во рамки на овој период, мандатот го завршуваме целосно успешно, со мерит систем за следење на успешноста на министрите и градоначалниците“, посочи Николовски.