Кандидатот за пратеник и коносител во Изборната единица 3, Љупчо Николовски утрово беше меѓу пазарџиите во Ранковце. 

438805976_968582597968910_126467805952018569_n

– Дождливиот ден не не’ спречи да ги посетиме пазарџиите во Ранковце и да поразговараме зошто влезот во ЕУ е единствената шанса и опција за Македонија. Гарантираме минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1.100 евра до 2028, и минимална 800 евра и просечна 1.300 евра до 2030година. Гарантираме минимална пензија од 20.000 и просечна од 30.000 денари до 2028 година, порача Николовски оттаму.
Вети вкупно 3,5 милијарди евра инвестиции, и едноцифрена бројка од 7 % невработеност.

438766594_968582904635546_2202928924008376573_n
– Во следните 4 години вложуваме РЕКОРДНИ една милијарда и триста педесет милиони евра за капитални инвестиции и директна финансиска поддршка до земјоделците. До 2028 година гарантираме повеќе извоз од увоз на храна! Европската иднина значи повеќе за сите! – порача Николовски на средбите со граѓаните.

438746618_968583127968857_3319032816487204598_n438721871_968582974635539_1766012475600200332_n438657001_968582764635560_2346309287028779187_n