Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека во политика мора да се влегува за да се служи на народот, а не за да се користат привилегии!

„Се воведуваат нови, построги критериуми за членовите на управните и надзорните одбори
Се воведува целосна транспарентност во процесот на избор
Ова се само дел од придобивките од измените дополнувањата на Законот за јавни претпријатија.
Продолжуваме, отчетно и транспарентно, да ја водиме битката против корупцијата!“, истакна Николовски.