Да се потсетиме на стравовите на владеењето на Груевски, да не може да се избави никој, да се биде секогаш присутен во потпалувањето на таа колективна меморија. Тоа е улогата на Мицкоски, и тој одлично ја игра, беспрекорно. Секогаш да се преминува работ, да се мавта со заплашувања, закани, црни сценарија на нови непријатели, војни, опсади.

Албанци, Бугари, Грци, списокот е секогаш подготвен, нè чека како војска на готовс, нов можеби не, но историјата секогаш е тука да не удри сите, да се потсетиме- балканската крв врие, во котелот влегуваме еден по еден, во строј. Лидерите како Мицкоски исчезнуваа од мапата, но штетите додека беа на сцена беа непоправливи.

На Мицкоски му е кристално јасно дека гази на тенка жица, буквално чекори на работ со обвинувањата кон СДСМ- дека  подготвуваат  федерализација, затоа тие драматични и високи тонови, за кои секако дека и тој знае дека се темелат на опасни лаги и манипулација.

Но, уште поопасно во ова сеење зла крв е продуцирањето на замрзнување на крвта, поттикнување на омраза и гнев кон Албанците, од што никогаш тој нема да може да се ослободи, еднакво, како и неговиот претходник Груевски.

Целата колумна на Биљана Секуловска за Нова ТВ на следниот ЛИНК.