Министерот за надворешни работи Бујар Османи реферираше за сработеното во изминатиот период.

Рече дека имавме динамичен период, и во наредниот период ќе се трудат да бидат што потранспарентни. Вели дека е добро на две години, односно на пресек од мандатот да даде отчет. Османи рече дека кога станал министер имал неколку приоритет, и тоа добрососедски односи, добри односи со САД, ЕУ, економска дипломатија итн. Како успех го наведе фактот дека во Бугарија е поништена Декларацијата која беше пречка за старт на преговори.

„Успеавме во последен миг да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог“, рече Османи.

Разбира дека за францускиот предлог мислењата се поделени, но смета дека времето ќе покаже дека донеле добра одлука. За Грција вели дека односите се продлабочени, отворени се два нови гранични премини, и Грција е земја поддржувач на Македонија. Османи наведе дека со Србија и Албанија односите се унапредени со „Отворен Балкан“, решен е спорот со црквата, а имаше и чествување на Илинден во манастирот Прохор Пчински. Со Косово се склучени многу билатерални договори. Oсмани дека и во однос на војната во Украина имавме усогласени ставови со ЕУ.