На 12.02.2024 во 14.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јани Лукровски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, удрило во Л.С.(74) од Скопје. Во незгодата, Л.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.