Општина Крива Паланка упати честитка за Бадник и Божиќ:

-Празниците Бадник и Божиќ нека донесат хармонија, среќа и благосостојба во вашите домови, а светлината на Христовото раѓање нека се всели во вашите срца. Нека љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето.
Нека ве грее огнот на среќата со светлината на Христа.
За многу години. Среќни празници, се вели во честитката од локалната самоуправа.