Ноќеска во 02.20 часот по полноќ, бил приведен малолетник кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје.

Имено според полицијата денеска во 02.20 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Тој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.