На неколку часа до Новата 2021-ва година, зад нас оставаме една тешка година, година која не исправи пред голем предизвик – да се справиме со пандемијата предизвикана од коронавирусот, а најважно да го заштитиме здравјето на секој граѓанин.
Година којашто не потсети на најважните вредности во животот, дека нема ништо поважно од заштитата на сопственото здравје и здравјето на најблиските, на моралните вредности, на општествената одговорност и солидарност.
Оваа година ја оставаме зад нас, да гледаме напред кон идната 2021-ва.
Во Новата година ви посакувам пред се добро здравје, љубов и многу моменти исполнети со среќа.
Нека ни е среќна Новата година.
Честитка на вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски