Емисијата „360 степени“ вечерва (29 јуни 2020 г.) се емитува од 21:30 часот на ТВ Алсат

Во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат вечерва објавуваме:

-Дали анкетите што се објавуваат деновиве може да бидат индикација за изборниот исход: истражувањата се на национално ниво, а изборите се одвиваат во изборни региони;

-На терен проверивме колку се почитуваат мерките за заштита од ковид-19 од четирите најголеми политички блока;

-Каков е ефектот врз гласачите од серијата актуелни „бомби“;

-Битка за шумата над Октиси – мештани обвинуваат дека Национални шуми им го загрозуваат изворот за вода, а од државната фирма велат дека не сечат близу до изворот;

-„Саботажа“.