Ако реализацијата на мерките и нивните ефекти ја гледаме низ призмата на меѓународно прифатените стандарди на потрошувачкиот метод кој при пресметката ги сумира вкупната финална потрошувачка, бруто инвестициите и нето извозот можеме јасно да го видиме таргетирањето при нивното креирање, кое го започнавме пред една година.

Според вкупната сума пресметана како конечен ефект врз БДП на земјата од спроведените мерки од околу 704,2 милиони евра, што е износ еднаков на 6,5% од БДП за 2020 година, превениран беше пад на економијата од околу 4,2% земајќи го предвид пондерираниот ефект на преземените мерки. Односно, антикризните економски мерки имаат 100% ефект врз домашното БДП, кое на крајот на 2020 година, ќе имаше пад од 8,7%, наместо 4,5% со кои ја завршивме годината.

Но, да ги погледнеме поодделно мерките во сите пакети низ призмата на одделните столбови на структурата на домашното БДП. Најголем дел од него во нашата земја, или 66% се креира преку финалната приватна потрошувачка. Токму затоа, поддршката на вкупната финална потрошувачка во првите четири пакети изнесува околу 500 милиони евра кои беа пласирани преку неколку мерки како: одложување на ратите за кредити на граѓаните и фирмите, потоа поддршката на плата и придонеси за вработените во приватните компании, но и мерките во кои директно ги таргетиравме граѓаните со мерките за директна финансиска помош на невработените, лица со ниски примања, и други ранливи категории кои во поодделните пакети и мерки беа опфатени со бројка од околу 550 илјади.

Целата колумна на Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, за Капитал на следниов ЛИНК.