Во Струга 4 новозаболени…

Дали има врска со литијата, не знам… Претпоставувам дека има, но не можам да тврдам… Само сакав да ги потсетам ФБ експертите дека ги замолив да не брзаат со сарказмот… Претходниве денови јавно прашуваа: „Абе нели со литијата во Струга имало опасност да се заразат луѓе? Кај се заразените? Секој ден Струга е без новозаразени!“ И потоа наредени еден куп смајлиња…

Бројот на новозаболени во МК варира… Има денови кога расте и денови кога опаѓа… Ама за ФБ експертите не е тоа битно… Тие се секогаш подготвени за зајадливи „критики“…

Во деновите кога бројот расте, тие критикуваат дека Филипче не го бива, ИЛИ дека во услови кога расте бројот на заболени, есдеес сака избори да прави…

Во деновите кога бројот опаѓа, тие критикуваат дека цел свет попушта со мерките, а есдеес со полициски часови ги држи граѓаните затворени…

Многу неубаво… Не знам дали им е јасно дека од ден на ден се’ повеќе „ставовите“ им се идентични со оние на ДПМНЕ и всушност им се поклопуваат со насловите што ги читаме во курирските медиуми!

ФБ статус на Ацо Лукароски