На тема уривањето на дивоградбите во Струга, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко вели невладините од Охрид напаѓале на Струга, а неговиот коментар на тоа е “Баш ме брига!”. Стрпоред Мерко небитни се реакциите на јавноста и на невладините организации дека се градат нови дивоградби во Струга бидејќи смета дека во Струга сѐ што е изградено е легално, па додаде “ние сакаме да градиме, да доградиме уште, а не да рушиме”.