Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829 – Софија, 29 декември 1920) е најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците.
Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик.
Македонскиот институт за фолклор го носи неговото име.