Владо Мисајловски ја собрал од гугл сликата на која има некаков шашаво асфалтиран пат, притоа, таа слика со таков асфалиран пат е објавена изворно на некој германски сајт, за потоа, таа слика ја претставил за катастрофален проект на Заев и владата.

За кого се наменети овие лажни вести, некој ќе праша.

Овие лажни вести пред се’ се наменети за нивното техничко-патриотско членство. Тоа е добро познатиот систем наречен “бабушка”. Тоа е терор кон своето членство кое мора да биде отруено со помош на фејсбук, твитер и новите технологии. Лажните вести се наменети за нивното членство, прво на таков начин го тероризираат, а потоа и го мобилизираат.

Ја “рибарат нивната душа”, што би рекол социологот и фолозофот Ѓуро Шушниќ, па со помош на новните технологи дополнително ги излудуваат. Од друга страна, членовите на ВМРО-ДПМНЕ не ги сакаат своите арбитри, туку технички гласаат за нив затоа што ги манипулираат, ги заведуваат, обмануваат…

Не им се лутете на обичните луѓе кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, лутете му се на Мицкоски и на таа лоша елита која ја окупира таа нереформирана партија.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ