1. Ниту еден контакт на институција со јавноста не смее да биде конфронтирачки, поларизаторски или со тон поради кој јавноста нема да обрати внимание на кажаната содржина. Во ПР-от тоа го викаме шум што се случува меѓу изворот на информации и реципиентот. Поради шумот, пораките и содржината нема да бидат слушнати.
2. Ниту еден обучен новинар не смее да обрати повеќе важност на тонот со кој нештото е речено отколку на содржината. Голема е новинарската суета, но во услови на вонредна состојба најважна е содржината, во случајов со вирусот, со цел да се спасат човечки животи.
Ова се основните постулати на односите се јавност и новинарството.
Ова го пишувам во врска со прес конференцијата за Ковид – 19 која предизвика голема полемика на социјалните медиуми.
Владата не смее да го изгуби добриот ритам на информирање на јавноста и стекнатата доверба (воглавно благодарејќи на природноста и вродената вештина, смиреност и убедливиот тон на министерот Филипче) бидејќи секогаш, а особено во вонредна или воена состојба граѓаните мора да бидат добро информирани и да имаат ДОВЕРБА кон тој што дава информации.
Со ова не сакам да го обвинам дека д-р Караџовски денес нешто згреши. Сакам да кажам дека емоциите во јавното обраќање се дозволени, дури пожелни, особено кога ситуацијата станува алармантна, кога населението се прашува што се случува поради зголемениот број заболени. Повеќе би рекол дека новинарите треба да прават разлика дали обраќањето доаѓа од професионален политичар или јавна личност или од обичен граѓанин, административец, доктор, полицаец или било кој друг чија професија не е поврзана или не е обучен за односи со јавност и јавно обраќање. Тој беше тука да каже нешто важно. Начинот како е речено е помалку важно од СОДРЖИНАТА. Содржината беше на место. Tune down the emotions and ego, everyone. Има поважни работи во ова невреме.

ФБ статус на Валентин Нешовски