ВМРО-ДПМНЕ во Струмица предводено од Александар Николовски започна со притисок и злоупотреби кои единствено знаат да ги прават пред избори.

Преплашени од слабата поддршка на терен почнаа јавно да објавуваат списоци со цел да се врши притисок. Ни помалку ни повеќе, списоци од болни луѓе кои се лекуваат во болницата во Струмица, порача денеска на прес-конференција Даниела Колева, поратеничка на СДСМ.
IMG_0253-1216x1536

Имено, мајката на кандидатот за пратеник од редовите на ДПМНЕ – Петар Марков, Силвана Маркова вработена во ЈЗУ Струмица објавува списоци со болни луѓе кои се лекуваат во болницата со нивен матичен број, за да може да се врши притисок истите да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ
Ова е огромен скандал за кој мора институциите да покренат постапка итно!

Александар Николовски, вечниот пратеник кој немал ниту ден работен стаж во животот, треба да одговори дали е ова неговиот план за кампањата?

Николоски да одговори уште колку списоци планираат да подготват за уценување и плашење на граѓаните?
СДСМ ќе ги заштити граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ и нивните режимски методи. Александар Николоски и сите вклучени во овој скандал ќе одговараат. Им порачуваме веднаш да ги напуштат овие методи а граѓаните да ги казнат за ова насилство и понижување кое им го спрема ВМРО-ДПМНЕ.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето, истите луѓе од режимот Александар Николовски и антонио Милошоски се главните адути на партијата кои ги коирстат истите срамни методи.