Виктор Исијановски, директор на ЈЗУ Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести, во вечерашното гостување во “Еурофокус” на Телма телевизија со објаснување на што Комисијата за заразни болести го темели своето уверување дека ситуацијата со коронавирусот е под контрола и се очекува постепено намалување на бројот на новозаразени на дневна основа.

“Проценката дека бројката на новозаразени ќе се намалува се должи на тоа што се познати оние кризни жаришта и истите сега се контролирани, се добиваат благовремено точни епидемиолошки прашалници, граѓаните стануваат посвесни бидејќи до претходно во некои општини велеа дека не постои болеста и со благовременото информирање од сите служби кои поактивно делуваат во овие општини веќе ќе започне постепено опаѓање на бројката.

Постои можност да има скриени жаришта, но сега сме поактивни на терен и имаме помош од градоначалниците, од самата локална самоуправа, влеговме и суштински во проблемот со помош на поповите, оџите, локалното население и локалните кризни штабови со цел оние луѓе кои не веруваат дека болеста постои постепено да почнеме да ги уверуваме дека навистина постои” – истакна Исијановски.