Откако Чулев во соопштение до јавноста потврди дека ја прифатил најстрогата казна за својот советник односно 15 отсто од плата и еден ден суспензија за советникот, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска остро реагираше на неговата одлука.

„Скандалозното решение со кое Наќе Чулев го амнестираше својот советник е спротивно на Изборниот законик, член 8 а во кој се вели дека од денот на распишување до денот на завршување на изборниот процес не смее да се започне со постапка престанок на работен однос“, истакна Петровска.

-Со оглед на тоа дека во случајов е сторено кривично дело за кое е поднесена кривична пријава и дисциплинската постапка може да резултира со отказ, таа не смеела да биде започната. Какви советници, такви одлуки, потенцираше Петровска.