Вечерва гостин во емисијата “24 Анализа” на ТВ 24 беше градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов, кој во контекст на дадениот налог за отстранување на една од галиите во Вардар, како и можноста за дислокација на останатите споменици од проектот “Скопје 2014”, кој се смета за еден од најконтроверзните проекти на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, со образложение:

“Тој тип на архитектура никогаш не бил типичен за нашиот град. Кога ќе појдете во светот тоа таму го правеле или од мермер или од гранит. И затоа тие градби стојат по 400, 500 години. Ова нашево на првиот ветер почна да паѓа и веќе можеме да ги видиме тие пукнатини кои се појавија, тој неквалитет, се гледа дека е гипс и градот едноставно не личи на ништо и ние треба да го изнајдеме модалитетот да не правиме или да не генерираме повторно трошоци во голема мера, а да се обидеме да ја вратиме автентичноста на изгледот на нашиот град.

А, лудилото на самиот проект што мене никако како човек не ми влегува во глава е дека во тој 1 километар квадратен се потрошени околу 680 милиони евра, а притоа овој град нема трамвај, нема развиена топловодна мрежа, овој град имаше проблем со Дрисла. Ако имавме 30-40 милиони евра ќе направевме Дрисла да продуцира пари, овој град има проблем со загаденост, уништен е јавниот простор во “малиот ринг” – уништени се 70% од зеленилото за сметкa на тој проект и Скопје од еден град којшто имал сериозно квалитетeн посед на зеленило по глава на жител го претворивме во полукамена творба. Затоа инсистирам градот да има формална моќ барем врз дел од проектот за да може и да процесуира.” – појасни Шилегов.

Околу можноста за дислоцирање на спомениците градоначалникот Шилегов со став:

“Ако тргнеме низ центарот на градот колку споменици ќе изброите. Тоа е силуван јавен простор. Тоа не е по ниеден стандард за јавен простор. Јавен простор е нешто што ги собира луѓето, нешто каде луѓето ќе можат да се движат. Кај нас се сопнуваме на тие споменици. Кај нас споменикот на Јустинијан е внатре во кејот на Вардар. Има многу споменици кои треаба да се дислоцираат, меѓутоа за тоа треба да разговара стручната јавност и по основ на тоа што тие ќе заклучат, таква ќе биде и одлуката на град Скопје за понатамошно постапување.” – заклучи Шилегов.