За начинот за подобрување на безбедноста во сообраќајот денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски разговараше на работна средба со претставниците на невладината организација „Автомобилност“ Агрон Сулејман и Горан Антевски.

Како што стои во соопштението од МВР, 2020 -та е година со најмал број жртви во сообраќајните незгоди, но МВР продолжува со мерки и активности за оваа бројка и натаму да се намалува и во 2021 година, а предлозите и идеите од невладините организации во оваа насока секогаш се добредојдени.

На средбата било истакнато дека е видлив ангажманот на сообраќајната полиција на терен, што е многу значајно за реализација на еден од клучните приоритети на МВР и во оваа година, а тоа е, се подвлекува во соопштението, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и на жртви во незгодите.Се разговарало и за другите начини како да се подобри безбедноста на патиштата.