Аналитичарот Љупчо Зиков, во вечерашното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и “Обновата” која ја нудат не е докрај јасна за електоратот, односно која е пораката која сакаат да им ја пренесат на граѓаните.

“Многу се јасни пораките што сакаат да ги испратат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Она што не е јасно е определбата за обнова кај ВМРО-ДПМНЕ од аспект како ја почнаа првиот ден кампањата со кичмата и онаа навиеност надолу, не е јасно што е целта ако се добие власта, каква политика ќе се водат. ВМРО неколку години наназад во низа е тотално нејасна, односно ако тој дел од кампањата реферира на двата меѓународни договори со Грција и Бугарија, промената на нашето уставно име и сегашното име Северна Македонија, тогаш прашањето е нели е манипулација оваа политичка програма што ВМРО-ДПМНЕ сега ја пласира преточена во спотови и предизборни пораки, пред сè за нејзиното гласачко тело?! Ќе дојде 15 јули, тоа е за 2 недели, билдањето на очекувањето кај гласачкото тело под хипотетичка ситуација ВМРО-ДПМНЕ да прави влада, нејзиното лидерство го става во безизлезна ситуација од аспект на комуникацијата со спотовите во моментот.

Оттука, ова може да се толкува на два начини. Или во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека нема да прават Влада, ќе ги изгубат изборите и го користат овој период уште еднаш да го исплукаат СДСМ и Заев за отстапките што наводно се направени без некоја посебна политичка анализа и без посебна одоворност пред македонските граѓани или манипулираат со членството со билдањето на таквите очекувања. Во однос на политичката програма “Обнова” исто така е нејасно што е тоа што треба да се обнови затоа што од моментот кога е направена владата во 2017 година, во Македонија неколку пати се гласаше и ова е четври пат, за многу кратко време многу пати се гласаше, односно прашањето е што е тоа што треба да се обнови што за толку кратко време е растурено?!” – истакна Зиков.

Зиков додаде дека и овие избори се неспоредливи со сите претходни изборни циклуси бидејќи државата повеќе нема нерешени крупни историски прашања.

“Овие избори по неколку нешта се поразлични од речиси сите избори во овие 30 години. Една од најважните работи е што на овие парламентарни избори Македонија повеќе во фокусот на политичките анализи и дебатите во предизборниот период нема историски прашања за решавање кои би го делеле македонското гласачко тело. Тоа е една голема придобивка од политиката која се водеше во последниве три години” – додаде Зиков.