Во емисијата “Црвена линија” емитувана на Телма ТВ, гледачите ги изнесоа своите ставови во врска со новоусвоените одлуки од страна на Владата, а по препорака на Комисијата за заразни болести, за спречување на ширењето на коронавирусот кој во моментов претставува огромен предизвик како за нашата земја, така и на глобално ниво.

Во тој контекст гледачка со коментар за досегашната работа на министерот за здравство Венко Филипче:

”Господинот Филипче, односно функцијата што ја извршува, целосно си ја одработи работата. Многу му благодарам што ги затвори училиштата. Ама ние како луѓе не знаеме што сакаме, ако не ги затвореше зошто не ги затворил, ако ги затвори зошто ги затворил. Тоа ни е својствено. Што се однесува до преземените мерки мислам дека се на високо ниво. Колку што можат луѓето вршат работа, а кој не е совесен нека му служи на чест “– заклучи гледачката.

Друг  гледач со сличен став за мерките на Владата и министерот Филипче:

“Мерките на Владата се во ред. Имаме навистина сериозна Влада и сериозен министер кој со сите сили се справува со проблемот.” – додаде гледачот.