“Сето што е напишано е така но што ке се прави со името?! Нели се плашите дека народот ја изгуби и во вас довербата дека можевте да спречите а ништо не направивте бидејки партијата ви беше пред државата! 80 пратеници и бадинтер?! Не бе Антонио доволно ке биде да се докажа изборот на Талат за нелегален и се паѓа во вода. Ако треба и нека се ризикува со референдум па што одлучи народот а не приказни за деца со 80 пратеници и бадинтер” – гласи коментарот на една активистка на ВМРО-ДПМНЕ, на фејсбук статус на Антонио Милошоски, посветен на оставката на Заев од премиерската позиција, согласно пржинскиот договор.