Читам дека Македонците му го свртеле грбот на СДСМ на овие избори… А читам дека овојпат и Албанците му го свртеле грбот на СДСМ…

Па се прашувам, како СДСМ за прв пат после 18 години победи на парламентарни избори!?
Кој гласаше за нив?
Од Мала Преспа немаше гласачи…
Луѓе со авиони не беа носени за гласање…
Цигани за уши не беа влечени за гласање…
Магија???

По сè изгледа дека победата ја обезбедија ГРАЃАНИТЕ… Тоа е таа СИЛА којашто не можат да ја сфатат оние што со коњи и знамиња со ками и пиштоли одат накај Крушево… И оние што пишуваат некакви си ‘тирански’ и ‘албански’ платформи!