Мицковизмот е мутиран вирус на Груевизмот за кој се уште немаме вакцина
Разбирам да не се задоволни од преговарачката рамка.
Разбирам да се лути на Бугарија.
Разбирам да немаат доверба во ЕУ.
Разбирам дека се борат за промена на власта и за враќање на изгубените позиции.
Ама не разбирам како им успева со лагата за некаква бугаризација, асимилација и губење на македонскиот јазик кој е веќе меѓународно признаен, да извлечат толку народ на протести и упорно без срам да ги повторуваат лагите создавајќи атмосфера на пресудна битка во која ако тие не победеле ќе ја немало веќе Македонија.
Зарем ништо не научија граѓаните од сличните протести против албанизација, федерализација и ” продажбата ни името”.А ништо од тоа не се случи.
А секогаш кога тие ја спасувале Македонија страдала. Да има уста сигурно би рекла: “Аман само вие не ме бранете”.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов