Да речеме дека кризата со бегалците навистина ќе ескалира на турско-грчката граница. Да речеме дека 50 или 100 илјади политички злоупотребни мигранти ќе се пробијат и кон македонската граница со Грција. Неспорно, ситуацијата ќе стане непријатна и компликувана, со сите предвидливи безбедносни и хуманитарни импликации за менаџирање на таа, пред сè, човечка трагедија со која се сака да се предизвика дестабилизација на Европа.

Но, каква е користа – и чија – околу тоа да се поттикнува хистерија во домашната, македонска јавност? Кој има интерес од евентуално предизвикување внатрешен хаос на таа тема? Дали некој калкулира дека со таквиот развој на ситуацијата би добил повеќе гласови на претстојните избори на 12 април?!

Прво, по ПРАВИЛО, секоја безбедносна или хуманитарна закана од надвор предизвикува „збивање“ на граѓанството околу власта, бидејќи таа е факторот што ја гарантира стабилноста во општеството. Во принцип, секоја општествена закана од поголеми размери, барем на среден рок, автоматски се преточува во желба за одржување на политички статус кво меѓу граѓанствто, бидејќи тоа инстиктивно чувствува дека промената може дополнително да го дестабилизира системот. А големото мнозинство луѓе тоа не го сакаат.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука