Откако реисот Сулејман и владиката Тимотеј едногласно залелекаа дека им се потребни пари- за да не останат гладни, светот повеќе не е истиот. Што навистина се случи?

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, се закани и загрме- ако државата (граѓаните) не им даде пари, ќе ги повлече повиците до верниците да не одат во џамиите, за време на рамазанските пости. Едноставно е- главен извор за финансирање им биле славењата, празнувањата на Рамазан Бајрам.

Потоа се јави и владиката Тимотеј, со еднакво плачен глас- дека главниот извор на приходите на МПЦ биле токму парите од велигденските празници. Тој најави дека ќе размислува дали ќе бара пари од државата (од граѓаните), затоа што и свештениците биле оштетени, не можеле тие да останат со празни трпези. Иако вели дека препорачуваат Велигден да се слави во најтесен круг на луѓе, немаат никаква намера да стават клуч на црквите, иако целата држава е одамна во кафез. Затоа, вели дека доколку некој не сака да го почитува славењето во семеен круг, “ние нема да изигруваме полицајци и да бркаме некого од црквите”.

О, да, се разбира- никој и ништо повеќе не очекува од нив, ништо подобро, зарем не? Би било скрнавење на божјите знаци и патишта кои тие ги следат- да излезат од џиповите, глисерите и удопствата, за да се осврнат и разгледаат наоколу што им се случува на луѓето кои им биле главен приход досега.

Секако дека е премногу од нив да се бара да волонтираат- да разнесуваат храна, лекови, секаква помош до старите, изнемоштените, болните, сиромашните, до оние кои страдаат. До сите оние кои и никогаш немале трпеза, ниту знаат, ниту дознале некогаш како изгледа таа, свештеничката, велигденска, раскошна софра.

Целата колумна на Биљана Секуловска за НОВА ТВ на следниов ЛИНК.