Тодоров, екс колегата на Филипче од ДПМНЕ, се дрзна докторите да ги учи да оперираат преку апликација на мобилен телефон

22
Нема да зборувам за степенот на одговорност на Филипче за трагедијата во тетовската болница. Иако имам свој став, сепак оставам тимот од домашни и странски експерти да го каже тоа од стручен аспект.
Нема да зборувам ниту за неговите заслуги за драстичното подобрување на статусот и платите на медицинските лица.
Исто како што нема да правам паралела со неговиот екс колега од ДПМНЕ, кој иако правник по струка, се дрзна докторите да ги учи да оперираат преку апликација на мобилен телефон.
Она за кое сега и засекогаш ќе му симнувам капа, е транспарентноста во практикувањето на министерската функција!
Од првиот момент на почетокот на здравствената криза, Филипче воспостави пракса на секојдневни прес конференции на кои смирено и стручно одговараше на сите, ама буквално на сите новинарски прашања. За кои иако неретко беа глупави, нестручни и лаички, во ниту еден момент не покажа нетрпеливост, уште помалку пак, ароганција.
Накратко, Венко Филипче воведе нови стандарди на транспарентност и комуникација со јавноста, за какви ниту една владина институција досега не можеше ниту да сонува.
Заев е искусен и прагматичен политичар и знам дека ќе донесе правилна одлука по однос на понудената оставка на министерот за здравство!
ФБ статус на Зоран Милошески