-Ви се пофали ли Апасиев, ексоветникот на Катица, легенда на правната мисла во библиска Македонија, дека неговата Левица го изгуби судскиот спор по сите основи, дека им падна глупавата тужба против Џабир Дерала, со која со недели тераа јавна хајка против него и ЦИВИЛ?

„Еве неколку дена пресудата ја има, постои, но за неа не известија медиумите, кои со денови го прогонуваа Дерала за овој „случај“, во име на „јавниот интерес“.

Го разбирам другарот Џабир што не се пофалил. Стара витешка школа, не сака да „клоца“ поразени. Но, за овој пораз на Апасиев се уште нема пофалба ниту од медиумите што со толкаво внимание го следеа „случајот“.

ФБ статус на Петрит Сарачини