Конзервација на археолошки локалитет, црквата Св. Власије, на ридот Исар во Штип е планирана во рамките на проектот Интерег-ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, управувана од страна на Генералниот Директорат за „Територијална Соработка и Управување“, Министерство за регионален развој и јавни набавки на Бугарија во соработка со Министерство за Локална самоуправа.

Проектот ќе влијае на заедничка презентација на заедничко традиционално и културно наследство како алатка за одржлив развој на туризмот во прекуграничниот регион преку популаризација на вредностите на културната традиција и материјалното и нематеријалното културно наследство.

Министерот Милевски за проектите имаше работна средба со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

IMG_1212

„Вредностите на културната традиција и материјалното и нематеријалното културно наследство треба да ги негуваме како земја. Проектот „Културен мост низ вековите“ е таков пример преку кој ќе се изврши конзервација на археолошки локалитет, црква Св. Власије, на ридот Исар во Штип. Реставрацијата и заштитата на објектите со културно и историско значење ќе придонесе за зголемена туристичка конкурентност на прекуграничниот регион. Ние, со над 27 илјади евра како Министерство за локална самоуправа и со тоа допринесуваме за развојот на културниот туризам во Белица и Источниот плански регион“, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

За проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ е финансиран од Програмата за регионален развој за 2020 година. Вредноста на договорот е 17 милиони денари. Со проектот ќе се изгради платформа над река Отиња со 45 паркинг места. Со тоа ќе се ослободи по една коловозна лента од сегашниот пат од двете страни на реката кои сега се користат за паркинг.

IMG_1217

„Во однос на вториот проект кој ќе се имплементира во Штип е од особена важност за инфраструктурата на Источниот плански регион. Платформата над реката Отиња е уште еден проект на кој Министерството за локална самоуправа допринесе со 9 милиони денари за да се реализира комплетно. Штипјани сеа со овој проект ќе им биде олеснето движењето и поврзувањето со клучните институции за да нема метеж низ градот“ реле Милевски.

Министерот Милевски се упати и кон Кочани, каде со градоначалникот Николчо Илијев каде направија увид на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина”, кој се реализира преку прекуграничната програма со Бугарија, во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата.

IMG_1230

Вкупната вредност на проектот е 562 илјади евра, од кои 315 илјади евра за македонската страна, додека пак 246 илјади евра се наменети за бугарскиот партнер. Парите се обезбедени од страна на Европската Унија со вкупно учество од над 422 илјади евра, македонската страна учествува со 37 илјади евра од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој и дополнително 65 илјади евра и од Општина Кочани.

„Прекуграничната соработка е клучот за развојот на креативниот туризам помеѓу земјава и Бугарија. Преку проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ ќе имаме претставување на заедничкото традиционално и културно наследство како алатка за развој на одржлив туризам во прекуграничниот регион преку популаризација на традиционалните вредности и културното наследство. Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој овозможи 37 илјади евра кои ќе придонесат за развојот на проектот а со тоа на жителите во Кочани, како и на останатите во земјава ќе имаат можност да бидат дел од креативните туристички понуди“ додаде Милевски.

IMG_1239

Со иновативен пристап кон развојот на туризмот и генерирање на креативни идеи во инспиративна и интерактивна атмосфера ќе се организираат настани, со тоа и трансфер на знаење и искуство, организирање тематски студентски екскурзии, развој на ИКТ промотивни апликации и развој на 3Д видеа. Крајниот рок за реализација на предвидените активности е во јули 2021 година.