Грижата за децата е грижа за нашата иднина, иднината на сегашните и идни генерации. Затоа секој влог во младината е влог за подобро утре, влог за младина со визија.  Изминатиот период СДСМ со Владата која ја предводи инвестираше во 44 градинки и објекти за ран детски развој и создаде услови за квалитетно сместување на 3.000 предучилишни деца. Дополнителни 15 милиони евра се обезбедени за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки кои ќе значат нови 7.500 места за згрижување на деца во градинки. – порача денес на прес-конференција Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

За само две години се изградија и реновираа повеќе од 70 објекти, градинки и детски центри во целата држава, во градовите, но и во руралните средини.

Градинки се градеа и во градските населби кои поради зголемениот број на жители имаа вистинска потреба од нив. Тоа се: новата градинка во Општина Карпош, поточно Бардовци, населба Тафталиџе, потоа Општина Аеродром, Сопиште,Чаир, но и нови објекти во речиси сите градови каде имаше потреба.

Па така нови објекти добија и Куманово, Кичево, Велес, Неготино, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Пробиштип, Конче, вклучително и градинки во руралните средини кои спаѓаат под некои од споменатите општини. Нови градинки добија и с.Џепчиште-Тетовско, с.Караслари-Велешко,с.Чегране-Гостиварско.

Нема да запреме тука, вложувањето во градинки, центри за детски развој, мали групни домови, училишта ќе продолжи и понатаму.Затоа што секое дете заслужува шанса за правилен детски развој и заштита. – порача Живковиќ.