Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски информираше дека е завршена изградбата на минор-коритото на Крива Река од Осички мост до спортскиот комплекс во градот.

„Со тоа, реализирана е третата фаза за регулација на речното корито на овој потег од градот, комплетирани се 217 метри од коритото со грант од Светска банка во висина од околу 6,5 милиони денари.
Освен регулација на коритото, изграден е и нов пешачки мост кој ги поврзува двете страни на спортските содржини“, истакна Митовски.

Митовски посочи и дека веќе е потпишан договор и за наредната фаза за регулација -дел 4, во должина од 200 метри, од спортскиот центар до вливот на Бабин Дол во Крива Река.

„Овој проект чини 4.6 милиони денари, а финансии се обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање“, потенцираше Митовски.