Бордот на директори на Светска банка го одобри проектот за модернизација на земјоделството во земјава во вкупен износ од 50.5 милиони долари, информира генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
Макотрпната работа, вербата и мотивот на целиот тим на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство го даде резултатот, порача Николовски во својата објава на ФБ.
Овој проект на кој се работеше две години опфаќа:
1. Изградба на откупно дистрибитивни центри во Скопје, Струмица и Ресен.
2. Изградба на кафилерија за собирање и еколошка преработка на нус-производите од животинско потекло и заштита на средината.
3. Ново софтверско решение за евиденција и пристап до сите информации за секоја парцела.