Силно невреме денеска ја погоди Србија, а пет општини биле принудени да прогласат вонредна состојба. Обилните дождови на неколку места предизвикале поплави.

Општината Чуприја соопшти дека на таа територија е прогласена вонреда состојба поради штетата што е предизвикана од невремето. Вонредна состојба за побрзо санирање на последиците од поплавата прогласена е и во општините Петровац на Млада, Лебане, Црна Трава и Бела Паланка, јавуваат српските медиуми.

Српскиот хидрометереолошки завод издаде предупредување за силни врнежи во подрачјето на Банат и во јужниот дел од земјата на границата со Македонија.