Маријана Дојчиновска е успешна жена земјоделка, која има сопствена фарма со 80 крави. Маријана успешно ја има искористено поддршката за набавка на трактор од МЗШВ, а во 2023 година преку мерката бизнис план од Националната програма за рурален развој, со грант поддршка до 10.000 евра, има набавено миксер за храна на добитокот и цистерна за течно ѓубре.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја посети Дојчиновска.
-Со новата мерка за бизнис план, која Маријана ја има искористено, за само една година успеавме со оваа мерка да обезбедиме поддршка до 206 земјоделски стопанства, од кои 115 се токму жени земјоделки, рече Николовски.
-Од 2017 година, до денес, преку сите мерки што им се ставени на располагање кон жените земјоделки се реализирала поддршка во вредност од 1,1 милијарди денари, поддржувајќи 1.700 жени земјоделки. Продолжуваме заедно! – додава министерот.