Граѓанскиот сектор игра клучна улога во градењето на силна држава со демократски вредности.
Развојот на едно општество зависи директно од вклученоста на граѓанскиот сектор кој преку анализите, извештаите и студиите на кои работи, дава почетен основ за насочување и креирање на мерките, програмите и политиките за развој и прогрес на државата.
Министерот Николовски денеска оствари средба со претставници на Граѓанскиот сектор од Крива Паланка.