Има уште еден интересен детаљ: Христијан Мицкоски, одврти-заврти, нема месец а да не отиде кај неговиот идеолошки татко, Орбан, Виктор Орбан од Унгарија. Добро, прво, Македонија, факт, нема значење како што има една Полска или Унгарија во Европа. Второ, Македонија не е членка на Европската унија, и по сè изгледа дека овие две работи не се корисни за нас. Заради тоа, пак, многу се корисни за сите автократски структури кои се нaмeрачиле да ја преземат цела држава и сите нејзини институции.

Од „европска“ перспектива, јасно е дека проширувањето нема да продолжи, од причини кои се интерни и структурни во самата Европа, и тука нема да има некакво напредување дури и кога Македонија би била најпримерна и најпрогресивна во секој поглед. Од „македонска“ страна, ова претставува неверојатен изговор за да се врати десницата на власт и ги растури сите оние институции кои се направени досега. Поточно, после комплетниот банкрот на државата и нејзините институции од 2017 година, повторно засилени се најлошите струи во земјата, за, сосема логично и предвидливо – повторно да ја банкротираат.

Единствено кое ме плаши е што „сите се прават луди“ пред таквата очигледна декаденција и дегенерација на целокупниот демократски живот во земјата. И покрај отворањето на европските поглавја, ситуацијата во земјава е драматична и конфузна.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниов ЛИНК.