Во светот на херои и суперѕвезди, знам еден едвај наречен човек, кој не е херој.

Тој човек, жртвува се дури и домот, за да може да ги сочува своите и она што му е оставено на пазење, ама секогаш го гледаме како грабливец.

Во светот кој бара прифаќање и љубов, ретко кога е прифатен, а е честопати и недобредојден.

Во морето на солзи, кога сите бараме некој да не сослуша, тој сите ги слуша, а никој не го прашал како му е.

Во очите на моќните секогаш е уназаден елемент и остаток од едно време, традиција, а во немоќите секогаш е претпоследна станица.

Во океанот на пиксели, сите го кудат оти своите добрини не ги потопил во сеќавањето, а тој ни една своја не сака са запамети.

Во класификацијата на верници и неверници, е верник полош од неверниците, а никој не ја знае неговата борба.

Во опасностите од зарази е преносител, а во опасноста од погибел го гледаат ко спасител.

Тој едвај човек дури е со нас е ничиј херој и името не му е битно, но кога ќе отиде при Оној за кој зборувал, е херој првите 3-4 дена и 3-4 минути од секој муабет.

Тој човек сите го викаме поп, а всушност да ти бил свештеник на Бога.

Во светот на херои и суперѕвезди знам еден човек кој никогаш нема да биде херој на светот.

ФБ статус на свештено лице